Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано петгодишното девојче пред да биде донесено на скопската клиника, пренесува телевизија Сител.
Оттаму информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка.
Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба ѝ се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде ѝ била направена и интубација, но, како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а пред два починало.
Скоро почина дете од Струмица, а минатиот месец почина 14 месечно бебе.