Веро е најмодерниот маркет во земјава според оценката на потрошувачите, потврди најновото истражување „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024 година“ што го спроведува агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“.
Според добиените резултати, 31% од потрошувачите во земјава се изјасниле дека Веро е најмодерен маркет во конкуренција на сите домашни и интернационални синџири маркети. Односно, еден од три потрошувачи го дели овој став за Веро, што придонесува маркетот да се задржи на првата позиција во категоријата најмодерен маркет веќе трета година по ред. Во резултатите од истражувањето се потенцира дека ваквата висока перцепција на потрошувачите бележи континуитет низ целиот период.
– Оваа позиција е од особена важност бидејќи и стратегијата на Веро е привлекување на потрошувачите преку понуда на широк асортиман и потрошувачко искуство. Секоја група на потрошувачи има сопствени специфики и очекувања која што треба да биде пресретната од домашните маркети, a континуитетот укажува на постојано пресретнување на тие очекувања – пишува во заклучокот од истражувањето.
Уште од отворањето на првиот маркет во земјава во далечната 1997 година, Веро е синоним за пионер во модерната малопродажба и маркет кој постојано е во тек со светските трендови. Во изминатите децении, препознатлив знак на Веро се модерно уредените маркети дизајнирани за најудобно шопинг искуство, широкиот асортиман производи со специјализирана понуда на ексклузивни и свежи производи од домашни и странски добавувачи, најдобра грижа за потрошувачите и брза, прецизна и квалитетна услуга.
Покрај тоа што е пионер во модерната малопродажба, Веро континуирано работи на унапредување на потрошувачкото искуство преку отворање нови современи маркети у модернизирање на постојните според најсовремените светски стандарди. Крајната цел е на своите потрошувачи да им овозможи врвно искуство при купувањето и максимално задоволување на нивните барања и потреби.
Следејќи ја својата визија и зацртаните цели низ годините, Веро во своето портфолио денес има 14 најмодерни маркети во четири градови во земјава – Скопје, Тетово, Битола и Куманово. Овој синџир маркети во следниот период ќе се прошири и во два нови градови, Струмица и Гевгелија, а планиранo е модернизирање на дел од постоечките маркети.