Во Урошевац е уапсен мажот Екрем Садику (59) поради сомнение дека избодел четири лица на улица. Меѓу повредените има и двајца малолетници, од кои едното 10-годишно девојче.
Девојчето е во животна опасност, изјави директорот на Ургентната клиника Насер Сила.
Како што информираа од полицијата, немилиот настан се случил вчера околу 15.40 часот на улиците „Енвер Топалија“, „Халима Спахија“ и „Ејупа Статовца“.
Klankosova.tv дознава дека осомничениот бил во затвор и пред извесно време бил пуштен на слобода.
Според информациите со кои располагаат косовските медиуми, тој се уште не е сослушан.
Неговото сослушување се очекува да се случи денеска во текот на денот, додека мотивите за настанот се очекува да бидат расчистени по завршување на истрагите.