Време е кога се размислува за божиќните празници и се чека одлуката на работодавачот за божиќните бонуси и подароци за децата, пишуваат хрватските медиуми.
Како и секоја година, една компанија посебно ќе ги израдува сите свои вработени во пресрет на Божиќ со специјална награда. Тоа е најголемиот ланец на дрогери, ДМ маркети. Како што дознавааат хрватските медиуми, на сите работници повторно ќе им исплатат стимул еднаков на нивната просечна плата.
Тоа значи дека вработените во dm годинава ќе добиваат просечно по 1.800 евра нето божиќен бонус. Лани таа сума била околу 1.670 евра. Касиерите во dm кои просечно заработуваат околу 1.200 евра нето месечно ќе ја добијат оваа сума на своите сметки.
Дополнително, како што откри вработена во dm, деновиве ги чека подарок за децата во вредност од 140 евра.