Најмалку 35 лица загинаа, а 43 се повредени откако автомобил влета во толпа луѓе кои тренираат на стадионот во Жухаи, Кина, соопштија властите.

Возачот на автомобилот, 62-годишен маж, наводно го возел автомобилот кон спортскиот центар Жухаи, додека локалната полиција го опиша инцидентот како „сериозен напад“.

Кинеските медиуми јавуваат дека меѓу повредените има многу постари лица, но и тинејџери и деца.

Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен при обид да избега, а моментално е во кома поради самонанесени повреди.

Полицијата соопшти дека првичните истраги сугерираат дека нападот бил извршен поради незадоволството на напаѓачот од расплетот на расчистувањето на имотниот случај, по разводот.

Меѓутоа, бидејќи тој е во кома, властите не можат да го испрашаат.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изрази длабока загриженост за инцидентот и им порача на властите да вложат максимални напори за лекување на повредените и повика напаѓачот да биде строго казнет.

Кина доживеа серија насилни јавни напади во последните месеци, пишува АФП.

Маж уби три лица и рани 15 во напад со нож во супермаркет во Шангај во октомври. Во јули, полицијата соопшти дека возило удрило во пешаци во централниот град Чангша, при што загинале осум лица.