Познатиот српски бизнисмен Миодраг Костиќ почина денеска (13 ноември) на 65-годишна возраст. Тој беше претседател на компанијата „МК груп“, чија основна дејност е производство и трговија со земјоделски производи и производство на шеќер. Тажната вест за неговото заминување ја соопштија од неговата компанија.
„Со голема тага ја информираме јавноста дека денеска, 13 ноември, почина основачот и претседател на „МК груп“, Миодраг Костиќ (1959-2024). Визионер и стратег во бизнисот, во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера, тој го создаде еден од најголемите бизнис системи во регионот кој работи надвор од границите на Србија, што му донесе меѓународен статус на еден од највлијателните лидери и најмногу успешни бизнисмени во Југоисточна Европа“, се вели во соопштението на „МК груп“.
Неговата деловна дејност се протега меѓу земјоделие, трговија, туризам итн., а прокнижува висок профит, поради што важи за еден од најбогатите луѓе на Балканот. Неговото богатство се проценува на пола милијарда евра.
Покрај својата успешна претприемачка кариера, Костиќ ѝ беше познат на јавноста и по својата љубовна врска со пејачката Наташа Беквалац, која траеше четири години. Иако Беквалац има три брака зад себе, таа никогаш не ја заборави младешката љубов со Костиќ.
„Никогаш не сум зборувала за тие работи, но сега сакам да го направам ова со цел да ставам крај на сè и новинарите да не измислуваат приказни на оваа тема.
Што се однесува до Миодраг, нашата врска започна пред четири години. Никогаш нема да кажам ништо лошо за човекот со кој споделував сè. Сакам да нагласам дека приказната меѓу мене и него е завршена. Нашата врска никогаш не беше хармонична и не можев да го сокријам тоа. Слични сме, но имаме различни погледи на светот. Никогаш не сме имале такви скандалозни и грди работи за кои се пишуваше“, изјави Беквалац, која две децении подоцна призна дека никогаш не запознала таков маж.
„Тој имаше единствен интелект, кој ме фасцинираше и во кој бев заљубена во моите дваесетти години. Потоа веќе никогаш не сретнав таков човек. Би сакала повторно да запознаам некого со таков интелект. Се разбира, зборувам за Миодраг Костиќ“, призна своевремено пејачката за „Курир“.
Костиќ, кој беше во брак со српската претприемачка Маријана Матеус, со која има три деца, само еднаш проговори за својот емотивен живот.
„Можам да кажам најдобро за мојата поранешна сопруга Маријана, со која имам три деца. Јавноста ја знае неа и Наташа, со која бев неполни четири години. Имав уште неколку врски кои траеја неколку години, но тие не беа толку јавни. Јас не сум од оние кои сакаат да менуваат жени на секои два месеци.
Дури и онаа врска која може да биде успешна, штом ќе излезе во јавност – проблемите се јавуват. Би сакал мојата идна врска да биде далеку од очите на јавноста“, изјави Костиќ во 2005 година во емисијата „Сè што ми припаѓа“.