27 годишен хрватски војник, кој паркирал камион на хрватската армија во Петриње по извршен технички преглед, се здобил со тешки телесни повреди кога од засега непознати причини камионот тргнал и го згмечил.

Несреќата се случила во вторникот околу 12:30 часот на улицата „Дречка“ во Петриње, извести во средата полицијата во Сисак-Мославина и констатира дека 27-годишникот се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот.

„По извршениот технички преглед, 27-годишен вработен во Армијата паркирал камион на хрватската армија пред станицата за технички преглед и во еден момент од засега непознати причини возилото почнало да се движи напред. За да го запре, притрчал кон камионот, кој во тој момент удрил во паркиран автобус и го згмечил“, соопшти полицијата.

На местото на немилиот настан беше спроведена истрага во соработка со заменик окружниот правобранител во Сисак, со присуство на Воената полиција.

Полицијата доставува пријава и до надлежниот државен правобранител.