СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Н. (53) од с. Џепчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

„На 01.03.2024, Б.М. пријавил дека по претходен договор со пријавениот, како компензација го дал неговиот камион на пријател на пријавениот од Дебар, кој имал фирма за мебел, а за возврат требало да земе мебел во вредност од 15.000 евра, колку што била вредноста на камионот. До денот на пријавата, оштетениот не го добил мебелот, ниту можел да стапи во контакт со пријавениот“, велат од МВР.