Му помогнал на Палчо да обезбеди повеќе пари, а откако го сместил во хотел во Блеград, се вратил назад во Македонија.. Адвокатот кој го превезе Љупчо Палевски до Србија, денеска сведочеше на судењето за убиствата на Вања и Панче.. Васко Стојков рече дека Сам се понудил да го носи во Србија бидејќи Палевски сакал да се лекува. Немал впечаток дека бега, бидејќи како што рече од државата излегле со пасоши, а откако го оставил во Белград, потоа му кажал и дека заминал во Турција. Биле во честа комункација, а се слушнале и во моментот кога полицијата го претресувала домот на Палевски.

– „Ми ѕвонеше и му кажав дека тука си веќе осуден и треба да дојдеш да си дадеш изјава. Викаше, знаев, ќе ме наместат“, сведочеше Стојков..

Полицијата тогаш побарала да го праша каде бил на денот кога е исчезната Вања, но како што објасни сведокот Стојков, Палевски не бил сигурен. Велел, дека можеби бил во Дебар маало, ако одел кај неговата мајка или кај свои пријатели.

Исчезнувањето на Вања предизвика паника, сведочеше нејзината тетка. Рече дека во деновите кога траела потрагата по девојчето, нејзиниот татко побарал да му пишат на Илон Маск за неговите сателити да ја лоцираат Вања. Тетката на девојчето била меѓу оние кои ја виделе снимката од автомобилот на убиениот велешанец, а тогаш и чула дека можеби токму сопственикот на тоа возило ја грабнал Вања. Рече дека знаела и за пораката за нудење откуп која Александар ја напишал во вибер групата со родителите.. Неговата одбрана пак вели досега никој не ја потврдил содржината на избришаната порака..

Меѓу сведоците беа членови и симпатизери на Десна.. Се приклучиле на партијата следејќи ги поткастите на Палчо.. Потврдија дека поседувал пиштол кој секогаш го чувал во близина.. Го носел како заштита откако бил нападнат пред својот дом.. Често ноќевал во седиштето на партијата во вреќа за спиење.. За обвинитете Велибор и Влатко, тврдеа дека имале поданички однос кон Палевски, се умилкувале и никогаш не противречеле.. Во партијата имале и радиостаници, но тврдеа дека не се користеле..

Судењето продолжува во петок.