5 вооружени напади во последниот месец и трет пат обид за ликвидација на Штекли во семејната куќа сите на јавни места каде што има луѓе- нормална е загриженоста кај граѓаните на Скопје сметаат безбедносните експерти.

Сметаат дека и повторно ќе има обид за убиство на Штекли, се дури тој не биде ликвидаран, па според нив единствено што останува да се спаси е повторно да ја напушти Македонија, во некоја зеемја каде што криминалните банди не можат да делуваат, а како пример ја посочуваат Русија.

Безбедносниот експерт Љубомир Ѓурчевски смета дека алфите треба да се вратат на улица, бидејќи полициските службеници на терен не ги даваат очекуваните резултати, бидејќи се униформирани па криминалните банди моќат да планираат како ќе делуваат и каде ќе се движат.

Министерот Тошковски во гостување на тема на денот, за враќање на алфите кажа дека се разлислува во министерството за внатрешни работи. Повеќе детали околу случајот за Штекли не откри, но кажа дека претходната комисија која давала дозволи за оружје сосставена од вработени во МВР кои биле на високи позиции, одобрувала оружје селективно и незаконски на луѓе кои не ги исполнувале условите да поседуваат оружје. 15 лица добиле отказ, а по насока на јавен обвинител ќе следат и кривични пријави.

Повеќе погледнете на видеото: