Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници, пишува Скопје 1.
Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека можеби ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото.
Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.