Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник велат најновите проннози. Од среда па до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни.

На планините и на повисоките места ќе има периодични врнежи од снег, а снежната граница може повторно да се спушти на околу или под 1000 метри надморска височина, што значи дека може да има повремен снег и во повисоките населени места. Ова ќе биде проследено со засилен, понекогаш силен ветер од јужен, југоисточен и западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде силен и од северен правец. Повремено и локално, ветерот може да достигне брзини значителни (над 80/90 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места.

Во однос на температурите, тие прво ќе бидат во пораст, особено во среда кога ќе достигнат од 9 до 17 степени. Од четврток, температурите ќе почнат да опаѓаат, движејќи се во опсег од 7 до 14 степени, но понекогаш ќе бидат значително пониски. Во утринските часови, особено во петок и за време на викендот, ќе биде значително постудено, со температури што во голем дел од Македонија ќе паѓаат под нулата, а на места ќе достигнат и до околу -10 степени, додека на високите планини ќе бидат и под -10 степени.