Извесен човек по име Домагој добил отказ од фирма во Хрватсла затоа што еден ден не сакал да работи прекувремено после 15 часот.
Тоа се случило во јуни 2020 година во компанија во близина на Загреб. Домагој, инаку помошен работник, вели дека дента им било кажано дека мора да останат по 15 часот бидејќи треба да завршат некоја работа. Тој и уште еден работник не сакале, па си заминале откако работеле од 7 до 15 часот.
„Претходно немав прекршување на работната дисциплина и никој никогаш за ништо не ме опоменал или предупредил. Одработив смена тој ден, се според договорот за работа и си отидов дома. Ми беше врачен вонреден отказ без да објаснување што сум направил“, се пожали Домагој.
Работодавецот пред судот изјавил дека треба да завршат некоја важна работа, па усно им било кажано да останат, но двајцата работници не сакале. Домагој бил отпуштен следниот ден.
Минатата недела судијата заклучи дека ваквото отпуштање е незаконски, па затоа компанијата мора веднаш да ја го врати Домагој на работа. Со оглед на пресудата, работникот има право на сите плати за изминатите четири и пол години. Сепак, тоа ќе мора да го бара во посебна приватна тужба.
Пресудата е правосилна и против неа може да се жали компанија од пошироката област на Загреб. Ако изгуби, ќе треба да му исплати на работникот најмалку 60 месечни плати со камата и да го врати на работа 15 дена по правосилноста на пресудата.