Горица Медојевиќ (39) е убиена ноќеска по полноќ во Подгорица, неофицијално велат за „Вијести“ од Полициската управа.

Според истите информации, убиството се случило во дворот од куќата на улицата Манастирска. Полицијата соопшти дека работи на расветлување на кривичното дело.

Засега не се познати мотивите на ова дело. Наводно, жената била убиена со неколку истрели од пиштол.

Според сведочењето на нејзината свекрва, се слушнале три истрели. Во врска со убиството се бара Н.В. од Подгорица, неофицијално дознава Побједa.

Според неофицијални информации на Побједа, поранешниот сопруг на убиената е повторник на кривични дела и неколку пати бил во затвор. Сепак, убиството засега се истражува како од непознат сторител.

Полицајците ја опколиле куќата во која се случило злосторството, а соседите се собрале на улицата и со неверување гледале во насока на полицајците кои вршеле увид.