Девојче на возраст од 11 години починало во училиште во Софија, јавија бугарските медиуми.

На девојчето му се слошило во училницата меѓу часовите. Прва помош му пружила медицинската сестра од училиштето.

Итната помош пристигнала за неколку минути, но лекарите констирале смрт кај девојчето.

Во училиштетото се испратени психолози, соопштија од бугарското Министерството за образование и наука.