Невообичаена пожарникарска интервенција е снимена во денеска околу 15 часот и 20 минути на автопатот А3 на крак од клучката 7 од загрепската обиколница.

Под се уште неразјаснети околности се запалило влечно службено возило, па биле повикани да интервенираат загрепските пожарникари.

– Како што дознаваме, возилото кое било на влечното возило било спасено од сопственикот, кој навреме го спуштил, така што пожарникарите се бореле со пламените јазици само на едно возило, објавија хрватските медиуми.

Материјалната штета е голема, а причината за пожарот ќе се знае по увид на полицијата.