Во Основен кривичен суд Скопје денеска во 13:30 часот ќе биде изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал со дете-жртва.
Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата.
Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.