Лажни интервјуа, лажни реклами, па и лажни профили или една голема лага која тргнува од едно исто место, а најчесто засегнати се јавните личности. Кога тогаш, секој си доаѓа на редот, за жал, а овој пат тоа беше познатата фолкерка Анета Љумаковска.

Таа на својот Инстаграм профил откри дека нејзиното име и фотографија се злоупотребени и со нив е отворен лажен профил зад кој не стои таа и нема никаква поврзаност со истиот.

-Лажен профил, пријавете – реагира Анета и ги замолува сите оние што ќе го сретнат овој профил на споменатата социјална мрежа, да испратат реакција за што побрзо негово отстранување.

Очигледно пејачка навремено дозна дека постои „нејзин клон“ кој кружи во интернет просторот од социјалните мрежи.

За среќа во несреќа, реакцијата е упатена кога на лажниот профил има само двајца следбеници на некоја Анета што не е вистинската.