Вработена во малопродажен синџир во Хрватска добила отказ бидејќи на распродажба во тој синџир купила производ чија цена драстично е намалена поради грешка во системот.

Имено, како што пишува порталот danica.hr, во продавницата na Јysk во февруари во експозитурата „Кинг Крос“ во Јанкомир, продавачката купила две перници по цена од едно евро, иако редовната цена на перниците била 36,99 евра.

Компанијата предупредува дека нивната вработена „употребила системска грешка во системот што предизвикала значително намалување на цената на производот за нејзина корист“. Покрај тоа, таа немала одобрение од менаџерот на продавницата, што е неопходно кога таков попуст користат нивни вработени.

После тоа, продавачката потпишала договорен раскин на договорот за вработување и тврди дека ја принудиле на тоа и ја довеле во заблуда. Со ова таа се откажала од правото на отпремнина и другите права кои ѝ припаѓаа. Таа вели дека го потпишала бидејќи била исплашена и збунета.

„Се работи за набавка на две перници кои беа во враќање онлајн. Откако ја погледнав нивната цена, која беше едно евро, го прашав мојот менаџер дали можам да ги купам и тој ми даде дозвола. Не ја проверив цената, не е моја работа“, вели поранешната вработена во Jysc.

Минатата недела судот пресуди во нејзина корист и го поништи договорениот раскин на договорот што го потпишала со нејзиниот работодавец. На Jysk со пресудата им е наложено да ѝ плати на продавачката 9.800 евра обештетување и да покрие 1.250 евра парнични трошоци.

Вкупно се работи за 11.000 евра. Работничката нема намера да се врати на работа во Jysk, иако имала право на тоа. Пресудата е правосилна и компанијата може да поднесе жалба.