Вечерва околу 22:15 часот дошло до пожар кај зградата до Доминиканскиот манастир и црквата Св. Крижа на островот Чиово во Хрватска. Пожарникарите се на терен, а од фотографиите може да се види дека покривот целосно изгоре.
– Во телефонски разговор од окружниот противпожарен оперативен центар дознавме дека пожарот веќе прилично се разгорел кога пожарникарите пристигнале на терен. Во моментов на терен се девет возила и околу 30 пожарникари, објавија хрватските медиуми.
Според неофицијални информации, внатре во манастирот имало двајца свештеници, но успеале да ги извлечат од запалениот манастир.
Полицијата соопшти и дека пожарот избувнал околу 22:00 часот во селото Арбанија.