Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херцеговина, почина вчера на 17-годишна возраст.

„Зана беше перспективна спортистка која за кратко време постигна одлични резултати. Таа е национален шампион и освојувач на многу медали на меѓународни натпревари“, велат од кик бокс асоцијацијата на Босна и Херцеговина.

По трагичната вест се огласи и нејзиниот клуб, Спартак.

„Долгогодишен натпреварувач на нашиот клуб се пресели во подобар свет. Чувствуваме голема болка и никогаш нема да те заборавиме. Нека драгиот Алах ви подари убав рај, а на семејството мир“, соопшти Спартак.

Бројни спортисти, особено оние од светот на кик боксот, на социјалните мрежи се збогуваат со Зана.