Во виенската клиника Фаворитен настанал хаос откако новороденче исчезнало кога мајката накратко ја напуштила собата. Полицијата веднаш започнала опсежна потрага, а целиот болнички комплекс бил блокиран.

Исчезнувањето на новороденчето предизвика голема тревога и започна интензивна потрага. Полицијата го претресува секој автомобил, а од истрагата не се изземени ниту кантите за ѓубре. Тоа укажува на сериозноста на ситуацијата и на можните опасности што ги носи исчезнувањето.

Полицијата: Не приоѓајте до болницата

Целата болница е блокирана, никој не може да влезе ниту да излезе. Полицијата детално го претресува секој агол на болничкиот комплекс, вклучително и возилата. Потрагата се прошири на поширокото подрачје на градот, пишува „ Хојте“.

Полицијата ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до болничкиот простор , но нагласија дека нема опасност за оние кои се веќе внатре. Портпаролот на здравствениот систем потврди дека е во тек полициска акција, но не може да даде повеќе информации.

Граѓаните се вознемирени, а полицијата прави се што побрзо да го пронајде исчезнатото дете и да го реши овој случај. Семејството на новороденчето е под посебен надзор на истражителите.