Во СВР Скопје на 19.11.2024 во 16.50 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда била донесена А.Н.(30) од населба Илинден, скопско.

Според пријавеното, таа се здобила со повредата на 18.11.2024 околу 21.00 часот при извршување работни задачи во фирма во населба Илинден, информираа од полцијата.

За настанот бил известен трудов инспектор.