Владимир Петковиќ (23) и неговиот татко Миле (64), кои загинаа во тешка сообраќајна несреќа што пред два дена се случи во Шабац додека оделе на работа, денеска ќе бидат погребани во Трбушац, каде што живееле.
Жителите на Трбушац се во шок, а пријателот на Миле во исповед за „Блиц“ вели дека „загинале најдобрите во селото“.
-Тие луѓе беа како мелем на рана, прекрасни, немаше подобри луѓе од нив. Тага и јад, една куќа остана речиси празна – вели со неверување пријателот на Миле.
Миле беше на прагот на пензија
Според неговиот пријател, Миле бил блиску до пензија. Тој го научил својот син Владимир за работата и бил горд што го наследил.
– Тој ми беше многу добар пријател, се видовме во понеделникот. Само седевме, разговаравме, Миле ми вели: „Еве пријателе, среќен сум и горд што го научив син ми да работи. Многу добро се снајде. Сега можам безгрижно да се пензионирам. Уште малку и во пензија почесто ќе се дружиме“ – го раскажува последниот разговор негов пријател.
Таткото и синот се сретнале половина час пред трагедијата
Според него, Владимир не бил оженет, но имал девојка. Соговорникот вели дека младото момќе и неговиот татко се сретнале половина час пред несреќата.
– Тргнаа на работа. Како што слушнав, на кривината кај фирмата запреле камионот да помине, бидејќи имал првенство на минување. Во тој момент дошол автомобил и удрил во задниот дел од нивниот пикап, а тие се забиле под камионот. Страшно… ги сретнав малку пред тоа, ми свирнаа од колата. По половина час слушнав дека умреле. Сè уште не ми се верува. Миле не дочека пензија, ниту Владимир да основа семејство, тага… – вели неутешниот пријател.
Да потсетиме, несреќата се случила кога автомобил БМВ удрил во задниот дел од пикапот во кое биле таткото и синот. Од силината на ударот комбето се забило под камионот кој се движел од спротивна насока.
Поради оваа сообраќајка по наредба на Основното јавно обвинителство Шабац се приведени две лица.
Како што објавивме претходно, според медиумите, таткото и синот тргнале на работа, а несреќата се случила пред фирмата околу 9 часот и 35 минути.