Кипар, сосема изненадувачки, го „купува“ некогаш најдобриот кошаркар во Евролигата, Саша Везенков.

Како што пренесуваат кипарските медиуми, еден од домаќините на следниот Евробаскет го посакува во репрезентативните редови актуелниот кошаркар на Олимпијакос, кој минатата сезона настапуваше за Сакраменто кингс. Везенков веќе долги години е репрезентативец на Бугарија, но сега наводно изразил желба да го промени дресот.

Кипраните, желни за успешно претставување на домашен терен на Евробаскетот, веќе го „купија“ Мозес Рајт, исто така од Олимпијакос, а сега цел им е Везенков, кој иако веќе настапувал за Бугарија, сепак, има опција да ја промени националната репрезентација благодарение на одредби во правилникот на ФИБА која дозволува кошаркари во одредени случаи да ја сменат својата репрезентација, ако се процени дека преминот ќе придонесе за развој на кошарката во новата земја, што во случајот со Кипар, кој нема силна кошаркарска традиција, ова правило би можело да биде искористено.

Везенков секако поседува кипарски пасош, што навестува дека е можна реализацијата на оваа идеја. Тој е роден на Кипар.