Два дена откако британскиот музичар Лиам Пејн беше погребан, Дејли Мејл ја објави последната снимка на која пејачот е жив.

Моментот фатен на безбедносните камери отвори нови прашања: дали е ова доказ дека трагедијата на Лијам Пејн можела да се избегне и дали акцијата на тројцата мажи кои го носат на фотографијата направена од хотелската камера е причината поради која Британецот се обидел да се спушти од терасата за да го избегне обезбедувањето?

Како што Дејли Мејл ја толкува фотографијата, пејачот очигледно бил кренат од тројца вработени во хотелот бидејќи, според очевидци, имал грчеви додека лежел на подот од фоајето.

После тоа го однеле во неговата соба со лифтот.

Прашање е зошто го преместиле ако бил во толку лоша состојба и зошто веднаш не повикале брза помош.

Времето на фотографијата покажува 16:54:48 часот, а на кобниот 16 октомври, нешто по 17 часот, Пејн паднал од 13 метри високиот балкон на својата соба. Тој починал на лице место.

Во 17:11 часот пристигнала брза помош и констатирала смрт. Обдукцијата покажала дека пејачот се здобил со повеќе повреди кои предизвикале внатрешно и надворешно крварење. Токсиколошкиот извештај откри траги од алкохол, кокаин и антидепресиви.

Сега постои сомневање дека поранешниот член на One Direction паднал од балкон во обид да избега од хотелот без да биде забележан – трик што често го користел во тинејџерските денови во групата и кој го повторувал во Флорида еден месец пред несреќата за да го избегне телехранителот.

Според камерите, тој ден во 15 часот и 53 минути пејачот со пријател влегол во хотелот. Носиел црна капа и мала чанта. Тој разговарал со обожавателите во ходникот, а потоа отишол во својата соба.

Неколку минути подоцна двајцата се враќаат во лобито. Пејачот имал лаптоп, но ги оставил капата и чантата во собата.

Норес се поздравил со Лијам и го напушта хотелот. Пејачот изгледа добро расположен. Во 16:26 седи во фоајето и го користи својот лаптоп. Две минути подоцна оди во собата и се враќа. И тоа го повторува. Секогаш кога ќе се врати, неговото однесување е се понеобично.

Сведоците велат дека во еден момент тој извикал: „Е*и го ова, другар“, а потоа го фрлил лаптопот на подот.

После тоа ја има снимката со три лица што го носат. На фотографијата јасно се гледа дека Лиам додека го враќаат назад во собата, нема ниту црна капа, ниту чанта.

Хотелот се јавил во Брза помош неколку минути откако пејачот бил одведен во неговата соба.

Меѓутоа, кога итната помош го пронашла неговото тело, тој со себе имал капа и торба.