Синоќа дошло до експлозија во зграда во Книн, Хрватска. Едно лице загина, а четворица се ранети.

Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неутврдена експлозивна направа, во која едно лице загинало, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош.

Како што соопшти полицијата, експлозијата се случила на забава на која присуствувале млади луѓе. Загина 25-годишно момче, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и една малолетничка. Експлодирала рачна бомба М-75.

Од извршените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Како резултат на нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник.

Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на наведената минска експлозивна направа.