Мечка го нападна ловецот М.Г.(45) во областа Пива, во северозападна Црна Гора и тешко го повреди.

– Денеска е ден на лов. Веднаш штом ни беше соопштено што се случило, на лице место веднаш пристигнаа Службата за заштита и спасување и итната служба Плужине. Му била укажана прва помош и во тек е евакуација. Очекуваме во секој момент хеликоптерот да слета и да го пренесе во Клиничкиот центар на Црна Гора – соопштија од Службата за заштита и спасување, пренесува „Вијести“.

Инаку, во септември годинава во Личани 64-годишник едвај преживеа напад на мечка.

Како што тогаш информираа црногорските медиуми, нападот се случил околу 22 часот и 30 минути во реонот на Националниот парк Плитвице, додека тој се враќал од својата вообичаена прошетка.