Познатиот хрватски актер Жарко Савиќ почина на 76-годишна возраст.

Жарко Савиќ е родум од Варварин, населба во Србија. Савиќ дипломирал на Академијата за драмски уметности во Загреб во 1972 година.

На многумина им е познат по улогата на Љуба во популарната серија „На граница“. Глумеше и во сериите „Новине“, „Смоговци“, „Забранета љубов“, „Изборот на Лара“ и „Црно-бел свет“…

Беше активен и во театарот, меѓу кои се Хрватскиот народен театар во Загреб и во Вараждин, Драмскиот театар Гавела и театарот Жар Птица. Настапувал и со актерската трупа Хистриони и на Летните игри во Дубровник, а од 1988 година бил во постојан ангажман во Загрепскиот театар за кукли.

Глумел и во филмовите „Втората темна ноќ“, „Разбојништво во воз“ и „Отпад – хроника на едно исчезнување“.