Да е жив и здрав Петар, детето на 61-годишната родилка.Господ здравје да му дава, а на родителите долг живот и голема радост!
Ја разбирам и медицинската фела која со восклик соопшти дека една тридецениска голгота на херојот мајка успеале заеднички да ја претворат во среќна приказна!
Но, некои дилеми цело време ми се мотаат во глава од биолошки, човечки и етички аспект… Дај Боже 100 години минимум да живеат родителите. Дај Боже! Но, не постојат ли анализи на сите аспекти кога ќе се прават вакви обиди, кои за научникот се предизвик, за потенцијалниот родител императив, но за посакуваното дете… за жал, може да се товар за 15-20 години? Или и порано, не од фаталистички причини, туку емоционални? Психолошки?
Не се сомневам дека ќе е најљубеното дете на свет. Посакувам долго, долго да живее крај љубовта на своите родители. И да го има најпрекрасното безгрижно детство, адолесценција и се по ред…
Дилемите остануваат, заедно со желбите. Добредојде на светов, Петар златен <3 (Фејсбук статус на Богдан Илиевски) Во продолжение погледнете некои од другите размислувања: