Министерот за здравство Арбен Таравари ја информира јавноста дека завршил во болница откако колабирал. Во пораката на социјалните мрежи не објавува конкретно дали станува збор за срцев удар.
„Почитувани и исто толку драги, Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи.
Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци.
Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите. Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас. Ви благодарам од се срце!“, објави Таравари.