Пејачот кој се прослави со учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, Амил Бишќанин вчеравечер доживеал срцев удар и се наоѓа во болница. Амил на својот Фејсбук објавил фотографија од болничкиот кревет во интрензивна нега и ги известил своите следбеници дека доживеал инфаркт и дека му биле поставени два бајпаса. Пејачот истакнал дека се’ уште е во болница, но дека засега се чувствува добро.
„Луѓе мои, преживеав инфаркт и добив два бајпаса како награда. Грижете се за вашето здравје“ – порача пејачката со фотографии од болничкиот кревет.
Инаку, Амил Бишчанин се прослави со учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“ каде со својата животна приказна трогна многумина. Бишќанин израснал како дете на разведени родители и во голема сиромаштија, а веќе како основец бил принуден да работи и да заработува за да си обезбеди парче леб.
„Кога ме роди мајка ми, татко ми нè напушти, а во текот на целото мое растење чувствував длабока криза, сиромаштија. Мајка ми работеше како што знаеше и мислам дека сепак имаше добар син, маж и глава на семејството“ – изјави во една прилика Амил за „Гранд“. Пејачот истакна дека се уште е во болница, но дека засега се чувствува добро.