Веста дека тинејџерот А.И од Лесковац починал како последица на физичко насилство денеска ја шокираше цела Србија, бо и регионот.
Несреќниот млад човек, како што рекол неговиот старател, мирно се враќал од училиште како и секој ден, не ни посомневајќи се дека Н.А.(18) ќе го убие.
Полицијата го уапси Н.А.(18) од Лесковац поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство. Н.А. бил придружуван од В.Т.(15), кој не учествувал во тепачката, туку бил сведок.
Инаку, осомничениот бил многу проблематичен и од претходно познат на полицијата.
Како што објавуваат вечерва медиумите, пред неколку дена неговата девојка јавно напишала на социјалните мрежи дека овок осумнаесетгодишник ја тепал и дека поради тоа раскинале, прикачувајќи видео на кое е покриена со модринки.
– Не дозволувај твоето момче да ти го прави ова. Затоа раскинавме – напиша таа.
Полицијата пред само неколку дена изврши претрес во неговата куќа.