Стопанска банка преку порака на Вибер ги информира своите клиенти и воедно јавноста за зачестени измами поврзани со наводни инвестиции во криптовалути.

ВНИМАНИЕ, Почитувани клиенти, Споделуваме со вас информација од МВР за постоење на измами за наводни инвестиции во криптовалути.

Измамниците ги насочуваат клиентите да прават трансфер на средства кон сметки кои измамникот им ги посочува, и да направат инсталирање на непознат софтвер.

Потсетуваме на внимателност при користењето на дигиталните банкарски услуги:

•Да се избегнува инсталирање на непознат софтвер на уредите што ги користите за пристап до дигиталното банкарство.

•Да се избегнува пренос на средства преку дигиталното банкарство или платежни картички кон непознати сметки или интернет сајтови/мобилни апликации.

•Ако некогаш сте биле предмет на измама, голема е веројатноста измамниците повторно да ви се обратат, но овој пат претставувајќи се како адвокати или некои лица кои ќе ви помогнат да си ги вратите инвестираните средства за што може да ви побараат дополнителни средства.

За сите сомнителни ситуации побарајте совет од 24/7 Контакт-центарот на Банката на: 02/3100 109