Свирежи, песна, рафални пукотници и колони возила можеше да се видат и слушнат вечерва во делови од Скопје каде се славеше Денот на албанското знаме, но и беше сквернавено, искинато и палено македонското знаме.
Од возилата кои се движеа полека по скопските улици можеше да се видат граѓани кои излезени од прозорците или качени на покривите виорат албански знамиња.
На одредени улици во Скопје граѓаните беа излезени од автомобилите и играа оро. Во центарот на градот забележително беше и засилено полициско присуство.
Денот на албанското знаме денеска беше одбележан и во други градови каде мнозинството граѓани се етнички Албанци. На социјалните мрежи е забележан и еден помал инцидент, каде група Албанци качени на автомобил во еден момент паднаа од него. Не е познато каде и кога е направена снимката.