Бразил е тажен поради ненадејната смрт на 28-годишниот поранешен бодибилдер Хозе Матеус Кореа Силва, кој доживеа срцев удар додека вежбаше со своите пријатели.

Иако 28-годишникот веднаш бил пренесен за да му биде укажана прва помош, не можело да му се помогне и починал. 28-годишниот бодибилдер, кој се истакна на повеќе натпревари, беше оженет.

„Сакаме да им се заблагодарам на сите што се обидоа да му го спасат животот. Тие беа професионалци и направија се што можеа“, се вели во соопштението на неговото семејство.

Силва не се натпреваруваше професионално како бодибилдер, но во 2018 година се пласираше на деветтото место во на првенството на Јужна Америка.

И покрај неговото пензионирање од натпреварувачкиот дел, 28-годишникот ја задржа истата фигура додека тренираше други спортисти, а во исто време соработуваше и со компанија за продажба на додатоци во исхраната.