Доволно беше чекање, од понеделник започнува акција против одредени обвинители кои што директно штитат политички и бизнис моќници, за кои постојат сомнежи дека долги години вршеле криминал во Македонија, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Тој вели на дел од луѓето во правосудството им била дадена шанса да почнат да ја работат својата работа, но сепак нема никакви резултати, туку гледаме само заштита на можни криминали сторени од моќници.

– Доволно беше чекање, чекавме дадовме шанса, доволно беше, очигледно дека прежестоки се нападите наеднаш на дијареа, грчеви во цревата, главоболка, температура, анксиозност итн кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата кај поедини обвинители за жал – изјави Мицкоски.