Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер и официјално нема да се доигра денеска откако страшни сцени се случија на дуелот кој се играше на „Артемио Франки“.
Младиот фудбалер на домаќините Едоардо Бове колабираше на теренот, по што мораше да дојде медицинска помош. Тој веднаш беше пренесен во болница, додека останатите играчи и целиот стадион со солзи ја проследија целата ситуација.
Младиот играч од средниот ред на Виола, пред да колабира, доживеа удар меѓу градите и слезината по судирот со Дамфрис. Набргу потоа Бове го смени својот дрес, а им порачал на клупата на Фиорентина дека чувствува вртоглавица. Потоа се случи срцевиот удар по што беше пренесен во болница.
Со Едоардо Бове, во собата за итни случаи во Кареги, биле неговиот татко, тренерот на Фиорентина Рафаеле Паладино и градоначалничката на Фиренца Сара Фунаро. Според првите информации од болницата Кареги, тој се освестил и веќе разговарал со оние кои биле до него.
Натпреварот беше прекинат и дефинитивно е познато дека нема да продолжи во текот на денешниот ден.