Македонскиот пејач на народна музика, Гоце Арнаудов нѐ напушти на денешен ден пред тринаесет години. Тој почина на 51-годишна возраст од рак на панкреасот. Арнаудов почина во болницата во Франција каде што се лекувал од тешката болест, не успеа да ја победи битката со ракот.
Гоце Арнаудов е роден во Струмица, на 19 август 1954 година. Уште на десетгодишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование, Арнаудов ја формирал групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија.
Тој се вратил во Македонија во 1993 година, кога за кратко време ги освоил симпатиите на публиката. Следната година, настапил на фестивалот „Валандово“ и ги освоил сите награди со песната „Дали чекаш стара мајко“.
Во следните две децении, Арнаудов важеше за еден од најценетите пејачи на народна музика и за еден од најплодните автори. Тој има напишано повеќе од 200 песни, има настапувано на стотина фестивали, од кои на повеќе 60 има освоено прво место.
Пет години по ред бил прогласуван за најпопуларна личност во Македонија, а учествата на „Валандово“ му донеле 22 награди. Неколкупати ја добил наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.
Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Арнаудов направил концерт на стадионот и собрал 10.000 публика, а раководството на областа му врачила награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.
Арнаудов ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо“ итн.