Инфлуенсерката Федра Одед, која имала 24 години, била застрелана среде бел ден додека седела во својот автомобил „мерцедес“ во четвртокот.

Популарната ѕвезда на социјалните мрежи била паркирана пред салата за фитнес во населбата Лопес Лусио во Мексико каде што трагично загина.

Вооружениот напаѓач дошол кон нејзиниот автомобил во 8.35 часот, пред да испука неколку истрели низ прозорецот на автомобилот. Убиецот потоа побегнал од местото на злосторството.

Очевидците бргу повикале брза помош, а лекарите пристигнале за да ѝ помогнат на Федра. За жал, по нивното пристигнување само констатирале смрт.

Полицијата сега трага по убиецот.