Од Премиерлигашот Вест Хем предмалку потврдија дека нивниот напаѓач, Мајкл Антонио бил дел од тешка сообраќајна несреќа денеска.
Подетални информации околу неговата состојба засега сеуште нема, само дека во моментов клубот, а и јавноста се со него и со семејството.
„Мислите и молитвите на сите во Клубот се со Мајкл, неговото семејство и пријателите во овој момент. Клубот ќе објави ажурирање во догледно време.
Според неофицијалните информации, се работи за тежок инцидент во кој засега не е потврдено дали има и други учесници, ниту пак дали Антонио воопшто управувал со возилото или пак некој друг.