Големиот и вистински навивач на фудбалскиот клуб Жељезничар, Елвир Шачиќ -Црни (45), почина денеска по битка со тешка болест.

Жељезничарот се огласи по тој повод и изрази искрено сочувство до семејството Шачиќ, пријателите и сите ужалени.

– Ќе ни недостига твојата енергија, твојатљ поддршка и глас од јужната трибина, почивај во во мир…“, порачаа од клубот од Грбавица.

Од навивачката група Манијаците исто така се огласија по смртта на нивниот член.

„Денес не остави нашиот Елвир Шачиќ – Црни, човек кој остави длабока и неизбришлива трага на нашите трибини. Црни беше еден од нашите најхрабри и еден од оние кои први тргнубаа без калкулирање“, порачаа тие.

Исто така, одлучено е утре да се откаже роденденската прослава на групата, со оглед на тоа дека тоа е голема загуба за Манијаците.

На утрешниот натпревар нема да има навивање во првото полувреме“, додаваат тие.

За потсетување, Жељезничар својот последен натпревар годинава го игра против ГОШК на стадионот Грбавица со почеток во 18 часот.