Во белградската населба Раковица синоќа околу 19 часот куче каснало седумгодишно момче, по што се судриле таткото на детето и сопственикот на кучето.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, сопственикот на кучето по нападот побегнал од местото на настанот, но таткото на момчето го стигнал и го удрил неколку пати.

– Сопственикот на кучето потоа испрскал бибер спреј во очите на таткото на детето – вели изворот.

Според неофицијални информации, детето поради здобиените повреди било пренесено во Тиршова, а приведени се таткото на момчето и сопственикот на кучето.