Во центарот на атинската крајбрежна општина Глифада, недалеку од плоштадот Краискаки, две лица загинаа, а едно е рането.
Полицијата досега уапсила две лица од турска националност, но се сомнева дека имало повеќе учесници.
Се се одвиваше на местото каде што се плаќаат игрите на среќа и засега нема повеќе информации за што точно се работи.
Според сите, не станува збор за бандитски напад, туку, најверојатно, за меѓусебна пресметка.
Силни полициски сили се на местото на престрелката, каде се пронајдени дури 20 чаури.
Расчистувањето на сметките, веројатно меѓу членовите на турската мафија, покажуваат првите докази собрани од местото на пукањето во понеделник наутро во Глифада.
Во престрелката загинаа двајца мажи со турско потекло, а уште еден е повреден. Полицијата уапсила две лица, а според новите информации жртвите престојувале во Airbnb во близина на местото каде што биле убиени.