Некогаш еден од најпопуларните рапери на македонската музичка сцена, денеска фотограф, снимател и продуцент кој лебот го заработува далеку од дома Публиката го памети по хитовите „Знам дека си ти“, „Шест броја“ и „Фраер од пелени“, но и по ексцентричните видеозаписи.

Никола Угриновски-Угро денеска има 52 години и е татко на две ќерки кои со својата мајка живеат во Скопје.

Пред повеќе од една деценија одлучи да замине на печалба крстосувајќи низ светот работно на брод, а сега во поткастот Red Cast конечно проговори што го натерало да сврти нов лист во животот. Бил во фаза на развод, а во тој период и неговата мајка била тешко болна.

„Изборот беше Идризово или Мајами. Ако направиш ѓурултии и завршиш во Идризово-тоа е тоа, тука приказната завршува. А, ако отидеш во Мајами, па има шанса да се расправаш со гости, но Идризово-јок!“, ја почнува Угро неговата приказна.

Во истото интервју раскажува дека не се кае за ништо во животот, но дека ако го имал овој памет на 20 години „би ја поседувал Македонија“.