По кратко боледување во вечноста замина една од најголемите охридски легенди, спортист, стопанственик и хуманист Симон Ѓурче.
Големите луѓе заминуаат на големи световни денови, Охрид остана без уште една своја урбана легенда,кој за време на својот земен живот остави неизбришива трага во историјата на Охрид, почина Симон Ѓурче.
Симеон или како охриѓани си го викаа Симон Ѓурче,почина денес на ден Свети Климет на 82 година.Ѓурчев охриѓани ќе го паметат како човек, влубеник во спротовите на вода,боем и истакнат стопанственик,но и човек кој каде и да одеше низ светот со гордост на сите им раскажуваше за увавините на својт Охрид и својата Македонија.
Од далечната 1948 па до Јануари 2022 година секоја година Симон Ѓурче се капел во студените езерски води за Водици.
Ѓурче на Водици во Охридското езеро традиционално по крстот скокаше со свечено одело и тоа по чинот на осветување и вадење на светиот крст од среќниот фаќач.
И покрај капењето во студените езерски води со ниски зимски температури, во своето 74-годишно искуство за Водици никогаш не настинал, не се разболел.
,,Водици е еден од најсветите наши празници. Седумдесет и четири години се фрлам во водите на Охридското Езеро на 19 јануари. Од седум години почнав. Тоа ни е традиција. Од кога израснав и се оформив како возрасен човек не сум се фрлал и не сум се пријавувал за фаќање на светиот крст, но секогаш сум учествувал. Го немам фатено никогаш. Сум бил многу блиску, но не сум го фатил. Важно е капењето, славата, веселбите…. секогаш сум учествувал, со посебен жар истакнува”, изјавуваше Ѓурче за македонските медиуми.