На денешната прес-конференција, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, објави дека САД презеле значаен чекор во борбата против корупцијата, ставајќи ги Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа. Според нејзините зборови, на овие личности и нивните семејства им е забранет влез во САД.
„Со оваа акција сакаме јасно да покажеме дека САД ќе продолжат да користат сите достапни средства за да ги заштитат оние што се обидуваат да ја нарушат безбедноста и стабилноста на Северна Македонија преку криминални активности. Според американските закони, мораме да посочиме поединци за кои има докази дека сериозно ја загрозиле државата и нејзините институции преку корупција, без разлика дали се работи за нивните минати или сегашни дејства. Како што се вели, правдата е слепа, што значи дека мора да биде непристрасна и објективна за сите, без оглед на нивната политичка или социјална позиција. Корупцијата во било која форма не треба да биде толерирана, а оние кои го загрозуваат правосудството, мора да разберат дека ќе сносат последици“, изјави Агелер.
Амбасадорката истакна и дека САД ќе продолжат да бараат одговорност за сите вклучени во коруптивни дејства, и се надева дека судските органи и оние кои ги спроведуваат законите во државата ќе ги преземат слични мерки.