Поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски пред еден месец се откажал од македонско државјанство и моментално се наоѓа во една од соседните земји, дознава неофицијално ТВ21.

– Според наши извори, Ковачевски побарал српско државјанство и моментално е во Србија, објави ТВ 21.

ТВ21 испрати прашање до МВР за официјална потврда дали Ковачевски се откажал од македонско државјанство. Во очекување сме на одговор.

Други медиуми пак објавија дека Ковачевски се наоѓа во Австрија.