11-годишно девојче загинало синоќа во новосадската населба Роткварија, кога скокнало од прозорец на зграда, дознаваат српските медиуми.

Се се случило околу 21:00 часот, а детето на тротоарот во дворот на зградата го пронашол случаен минувач кој повикал полиција.

Се работи за семејство на руски државјани, а мајката рекла дека девојчето наводно имало психички проблеми.