В.В.(19) вечерва паднал од тераса на улицата Цар Лазар 85 во Нови Сад. За жал, тој починал на лице место.

Како што објавуваат медиумите, станува збор за момче кое не живее на горенаведената адреса, а бил со девојката М.В.(22). Пред тоа се скарал со родителите.

Девојката не го видела моментот на падот, само отворениот прозорец и телото на тротоарот. Таа дала изјава во полиција.

Според зборовите на еден од соседите, тој го познавал младиот човек од видување.

– Силно пукна, но мислев дека некој нешто работи, дури кога ја видов полицијата сфатив дека некој паднал – рекол соседот.

Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Институтот за итна медицина во Нови Сад, нивната екипа пристигнала на местото на настанот во 16:58 часот по прв приоритет.

На местото на настанот е констатирана смрт. Полицијата извршила увид.